Училиштето за странски јазици St George е едно од поголемите и најуспешни ушилишта за странски јазици на територијата на Р. Македонија. Основано е во 1993 година и зад себе има 14 годишно искуство и традиција во изучувањето на Англискиот јазик во Р. Македонија. Пренесувањето на знаењето на Англискиот како и на многуте други странски јазици кон нашите слушатели и посетители е на највисок можен стандард, поради тоа што кај Нас се вработени професори со исклучително највисоки квалификации. Ова се однесува и за професорите на Германскиот, Францускиот, Италијанскиот, Албанскиот и др. Истовремено, во рамките на нашата редовна настава е вклучен и курсот за изучување на Македонски јазик за странски државјани кои се наоѓаат на привремен или постојан престој на територијата на Република Македонија.
Часовите и курсевите ги држат Високо образовани професори од Англија, а меѓу другото може да кажеме дека сите останати професори кои работат во Нашето училиште се претходно внимателно селектирани и тестирани од страна на сопствена стручна комисија.
Нашите професори поседуваат многугодишно искуство и користат разни техники во предавањето, имаат искуство со деца од најмала возраст па се до тинејџери, студенти и возрасни слушатели. Примарната цел на предавачите е активното учество на сите слушатели во целокупниот процес на изучување на јазиците, Нашите слушатели се активно инволвирани во дијалозите кои се водат непосредно помеѓу професорите и слушателите при тоа користејќи аудио и визуелни методи од највисок стандард. Најголемо влијание за време на курсевите се посветува на следните елементи:
Слушање, Читање, Зборување и Пишување. Ова води кон динамично и квалитетно изучување на јазиците. Од Нашите училишта излегуваат слушатели со највисок квалитет. Ова се рефлектира во квалитетот на училиштето и трендот на проширувањето на капацитетите на училишето така што денес можеме да се пофалиме со поголем број на училиште во Скопје како и во останатите градови низ република Македонија. Училиштата се направени по Високи нормативи во современо опремени простории со оптимални услови за работа и додатна опрема за постигнување на Аудио-Визуелниот ефект од наставата. Просториите ги задоволуваат критериумите за квалитетно одржување на наставата кај сите категории на посетители.
Најраната возраст на која започнуваат предавањето и изучувањето е од 4-годишна возраст. Во тој контекст се формирани групи за почетници т.е. предучилишен курс за деца на возрас од 4 до 7 години. Потоа следат курсевите за деца ,,детски курсеви,, од 7 до 11 години, Тинејџерски курсеви за возрасни целни групи од 11 до 15 години, и следуваат курсеви за возрасни од 15 години па нагоре.
Литературата и книгите преку кои се следи наставата се од Светски реномираната издавачка куќа Longman . Воедно ние сме генерални дистрибутери за Longman на територијата на Р. Македонија.
Секоја група на слушатели се состои од десет или помалку слушатели. Ваквиот начин на одржување на курсевите е исклучително најдобар и најефективен во совладувањето на странските јазици.
Нашето училиште овозможува исклучителна можност во текот на летниот период за одржуање на летни курсеви во Англија.
Се надеваме на Ваша посетеност и ви посакуваме топло добредојде, станете и вие дел од Нашиот тим, искористете го нашиот потенцијал за Ваш личен напредок во денешниов свет во кој Познавањето на странскиот јазик е поголем од било која наука. |